![]() |
|||
| · На почеток · Организација и дејствување · Пристапница · Статут · Програма · | |||
С Т А Т У ТСодржина: I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИЧлен 1 Граѓанска партија е политичка партија во која, почитувајќи го принципот на слободно пристапување и здружување, во рамките на уставните одредби на Република Македонија, членуваат граѓани - личности поради остварување на следниве политички определби и цели:
Приведените политички и граѓански определби и цели се разработени во Програмски заложби - Стратегија и тактика на дејствување, како и други документи кои го определуваат и дефинираат политичкото дејствување на ГП. Член 2 Граѓанска партија е правно лице. Освен целосното име на Партијата, во политичката активност и во правниот промет ќе се користи и кратенка од името: ГП Седиштето на партијата е во Скопје. Партијата има свој печат во кружна форма, во кој полукружно во горниот дел го пишува името на Партијата, во средината е амблемот на ГП, а полукружно долу пишува: Скопје. Штембилот на Партијата е во правоаголна форма, во горниот дел се впишува името на Партијата, во средината во два реда е просторот за број и датум, а во долниот дел пишува: Скопје. Член 3 Партијата има заштитен знак, партиско знаме, химна, членска картичка и партиска легитимација. Заштитниот знак е квадрат, а на темносина основа е аплицирана стилизирана детелина со четири листа (кругови) во две бои: средишен бел и 4 црвени кругови околу - поврзани со него. Партиското знаме е во правоаголна форма, во димензии - однос помеѓу должината и широчината 2:1, на темносина основа со жолт круг во кого има помал црвен со 8 зелени стилизирани зраци. Десно од кругот полукружно има распоредено 3 жолти ѕвезди. Химната е обработена верзија на “О фортуна” од големото дело на германскиот композитор Карл Орф „Кармина Бурана“ . Членската картичка е во форма на визит - карта која на аверсот го има знамето на Партијата, а на реверсот име и презиме, домашна адреса, телефон - факс, личен e-mail. Секој член има право да ја умножува членската картичка во потребен број на примероци за лична употреба (на пример како визит карта). Партиската легитимација го содржи заштитниот знак на Партијата и потребните податоци за членот што ја поседува за да му послужи како документ за докажување на припадноста на Партијата. Го содржи текстот:
како и посебен додаток за евидентирање на месечните обврски спрема Партијата (членарина). Член 4 Своите права, обврски и одговорности Партијата ги остварува во согласност со Уставот на Република Македонија, со законите, со овој Статут и други позитивни прописи. Партијата е самостојна во организирањето и остварувањето на утврдените цели и задачи со овој Статут, со Стратегијата и тактиката и други партиски програмски и оперативни документи. ГП во рамките на редовната активност ја претставува и застапува Медијатор кој го избира Конститутот, а ја има улогата на посредник помеѓу партијата, јавноста, членството и граѓаните - гласачкото тело. Главните активности на Медијаторот се да реагира, коментира и обзнанува самостојно, одговорно и професионално, а во рамките на Статутот, Програмските заложби - Стратегија и тактика на дејствување (Годишна акциона програма на ГП). За одделни круцијални прашања и проблеми во работата, дејствувањето и активностите на Партијата тој е должен да се консултира со Конститутот (Советот на ГП), а по автоматизам е негов постојан член. Со посебна одлука на Конститутот и Генеративусот (извршно тело - Секретаријат), Партијата може да ја застапува и друг член на Конститутот или да се овластат трети лица. Со посебна одлука на Конститутот ГП може да развива различни облици на соработка со други партии и организации со сродни програмски цели, во земјата и надвор од неа, потоа да стапува во коалиции со други партии и организации во Република Македонија, како и да членува во соодветни европски и светски организации. II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИЧлен 5 Освен основните цели и задачи (развој на Република Македонија како правна и социјална држава и како граѓанско општество, одбрана на нејзиниот суверенитет и интегритет, развој на демократските процеси, севкупен општествено - економски развој, постојана заштита и унапредување на индивидуалните слободи и права на граѓанинот, Република Македонија како членка на Европската унија и НАТО), како потврда на поинаков - нов политички дискурс (непосредно и лично обраќање) , се нотираат и следниве: Со почит кон вчера: Историјата не ја пишуваат победниците. Тие ја допишуваат или ја отпишуваат. Во одбрана на нашето денес: Конкретен ангажман во сегашнината и критички однос спрема стварноста. Со сигурен и цврст чекор кон утре: Јасна визија и цел - перспектива: ние во идното време, тоа за нас. ЗА НАС ВРЕМЕТО МИНАТО Е ВО ВРЕМЕТО ИДНО СОСЕ ВРЕМЕТО СЕГАШНО Избор помеѓу реалното и можното:
Размисли:
Размисли:
Го чуваме, негуваме и афирмираме националното од нас, го браниме граѓанското во нас. Член 6 Целите и задачите набележани во членот 5 се детализирани како конкретни проекти во Програмските заложби - Стратегија и тактика на дејствување. ГП дејствува во Република Македонија, но и во странство во согласност со законите на соодветната странска држава. Член 7 Работата на Партијата е јавна, а јавноста се обезбедува преку тековните објави - обзнанија на Медијаторот, редовни Форуми на валоризери (експерти) - најмалку 3 годишно. Јавноста во работата на Партијата се обезбедува и преку сопствена веб страница на Интернет (со тековно ажурирање), сопствено гласило - билтен и други средства во печатен или електронски облик. III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈАТАЧлен 8 Членувањето во Партијата е доброволно. Секој полнолетен граѓанин - државјанин на Република Македонија станува член на ГП со Пријава односно Изјава за доброволно членство, со која ги прифаќа одредбите од Статутот и Програмските заложби, како и Пристапница која подносителот на Пријавата - Изјавата ја пополнува и доставува до Генеративусот (Секретаријатот) - Партиската матица (Партиската централа) или до Партиската (месна) ќелија - Канцеларија. Секој член задолжително ги добива Статутот, Програмск ите заложби - Стратегија и тактика, Членска картичка и Партиска легитимација. Комплетната евиденција на членовите на ГП се води во Партиската матица (Партиска централа). Член 9 Членството на ГП се организира на територијален принцип, и тоа преку 3 основни форми - тела: Партиска матица ( П артиска централа) во Скопје , регионални партиски ќелии - канцеларии во изборните единици во Република Македонија , кои ги координираат активностите на партиското членство во единиците на локалната самоуправа -локални партиски ќелии . Член 10 Права, обврски и одговорности:
Член 11 Престанок на членство во ГП:
Постапката за престанок на членството се утврдува со посебен Правилник. Член 12 Во активностите на ГП, а пред се во реализацијата на Програмските заложби - Стратегија и тактика , односно конкретната реализација на одделни проекти, можат да соработуваат и партиски неопределени лица - симпатизери, како и активисти - волонтери особено во конкретни партиски акции (неформални членови). Тие не учествуваат во донесувањето на одлуките на Партијата и немаат активно и пасивно избирачко право. IV. ОРГАНИЗАЦИЈА - ОРГАНИ И ТЕЛА НА ПАРТИЈАТАЧлен 13 Територијалниот принцип на организирање на ГП подразбира 3 нивоа на организација и степени на раководење и дејствување: партиски канцеларии (партиски ќелии) на локално, регионално и републичко ниво. Локалното ниво е во рамките на локалната самоуправа - општини (според големината и територијалната поврзаност - групирање на најмали и мали - помали општини и членство во една); регионалното ниво е во рамките на дефинирани - утврдени региони или изборни единици - додека не се промени изборната регулатива во рамките на следниве 6: Центар, Куманово, Штип, Струмица, Битола и Тетово; републичкото ниво е всушност “обединувачкото” или централното. Во рамките на новиот политички дискурс што го п р омовира како дел од граѓанската култура, ГП формира посебни - специфични и поинаку именувани - дефинирани органи и тела од “стандардните”: а) на локално ниво:
б) на регионално и републичко (државно) ниво:
„Нестандардното“ именување е извршено имајќи ги предвид функциите и задачите на односните органи и тела, а по темелно проучување и консултирање на стручна литература (лексикони, енциклопедии, речници и др.), притоа водејќи сметка за граѓанската провениенција на ГП. Што се однесува на функцијата Претседател односно Лидер на ГП, тој е заменет со Медијатор, но не од некакви „неформални“ причини, туку како една од најзначајните потврди на основната - граѓанската профилираност - ориентација - провениенција на Партијата (не само во самиот наслов - ГП). Имено, се инсистира на личниот - индивидуалниот творечки - создавачки авторитет (генерички - од овој термин е изведен Генеративус - Секретаријатот) во областа во која е тој создаден, се создава - е афирмиран, се афирмира. Следствено, ако се инсистира на некаква „формалност“, тогаш може да се каже дека во Партијата има онолку „лидери“ колку што во Програмските заложби - Стратегија и тактика ќе бидат вградени долгорочни - стратешки и краткорочни проекти во одделни области. Што се однесува на „првиот помеѓу еднаквите авторитети“, со оглед на улогата и функциите, тоа би можел да биде Конзисторот (не Медијаторот), односно Главниот советник (во другите партии Претседател на Совет). Член 14 Локална - општинска канцеларија (Партиска ќелија) на ГП: Таа е основна форма на организирање и дејствување на Партијата и се формира со одлука на Генеративусот (Секретаријатот) на ГП. Надлежностите, органите и начинот на работење се определуваат со посебна одлука на Генеративусот. Минималниот број на членови на Локалната - општинската партиска ќелија е 20 и тие се едновремено и членови на Конституенцата на општинската партиска ќелија на ГП. Член 15 Локалните - општинските партиски ќелии имаат право на приходи врз основа на Правилник за материјално - финансиско работење што го донесува Партиската матица (Партиската централа). Член 16 Органи на локалната - општинската партиска ќелија на ГП се:
Член 17 Годишната акциона конститутенца е највисок орган на локалната - општинската партиска ќелија и ја сочинуваат:
Член 18 Годишната акциона конституенца ја свикува Президентурата најмалку еднаш годишно, а пред секои избори се свикува изборна конституенца за утврдување на партиски кандидати. Член 19 Права, должности и одговорности:
Модераторот (управувач и регулатор) на локалната - општинската партиска келија:
Член 20 Президентурата (паралела: Претседателство, но подразбира и звање и достоинство на членството на ова тело) на локалната - општинската партиска ќелија на ГП го сочинуваат:
Мандатот на членовите на Президентурата трае 4 години, со право на повторен избор. На седниците се покануваат и членови на органите и телата на единицата на локалната самоуправа, доколку се од редовите на ГП. Член 21 Президентурата е политичко - извршен орган кој раководи со општинската партиска ќелија помеѓу две Конституенци, дава политички оценки и потврдува политички ставови, донесува Деловник за работа и рассправа и решава за други прашања што се во негова надлежност, а кои произлегуваат од програмските и статутарните одредби на Партијата. Месечните седници ги свикува и со нив раководи Презенсот или друг член на Президентурата кога е тоа предвидено со Деловникот. Седниците се свикуваат по потреба, а најмалку еднаш месечно. Член 22 Правата и обврските на Презенсот на општинската партиска ќелија, на секретарот и на членовите на Президентурата се уредуваат со Деловник врз основа на овој Статут. Член 23 Контролот (паралела: Надзорен одбор, овој назив е повеќе службен, „непартиски“, а има и потесно значење - надзор, надгледувач; контрол значи и прегледувачко, проверувачко „тело“, со претпоставена стручност, што значи врши и експертиза) на локалната - општинската партиска ќелија на ГП се состои од 3 членови што ги избира Президентурата. Нивниот мандат трае 4 години со право на повторен избор. Контролот работи на седници кои се свикуваат најмалку еднаш во 3 месеци. Ги свикува Главниот контролор кој го избираат меѓу себе самите членови на Контролот. Контролот ја оценува статутарноста на актите и на одлуките, ја контролира финансиската и деловната активност на организацијата и на Коонституенцата, поднесува извештај за својата работа. Извршува и други работи предвидени со овој Статут и со одлуки на Конститутенцата. На Контролот му се достапни сите релевантни податоци и документи, а за тоа е одговорен Презенсот на локалната - општинската партиска ќелија. Член 24 Со оглед на териоријалната организација на Скопје (општини и на ниво на Град Скопје), партиската организација на ГП за Град Скопје е еднаква со организацијата на регионално ниво (Регионална партиска ќелија). V. ОРГАНИ НА ГРАЃАНСКАТА ПАРТИЈАЧлен 25 Органи на ГП се:
Член 26 Конституенцата (Конгресот) е највисок орган на ГП. Тој може да биде редовен (на секои 5 години) и вонреден. Одлука за свикување на редовна Конституенца донесува През ид ентурата, и тоа најмалку 3 месеци пред нејзиниот почеток. Вонредна Конституенца се свикува на барање на Конститутот на ГП, најмалку 1/3 од членството на Президентурата, Контролот на ГП или најмалку 1/3 од општинските партиски ќелии на ГП. Конституенца задолжително се свикува пред парламентарни и претседателски избори поради утврдување на кандидати за изборите. Таа се свикува најмалку 15 дена пред денот на одржувањето. Мандатот на делегатите кои се избрани од локалните - општинските конституенци за изборната седница на Конституенцата (Конгресот) трае 4 години. Член 27 Конституенцата донесува Деловник за работа, избира Комисија за верификација на мандатот на делегатите и ги верифицира нивните мандати, донесува програма и програмски документи, донесува и менува Статут, разгледува и усвојува извештај за материјално - финансиското работење на партијата, ги избира другите органи на партијата, донесува одлуки и други акти. Член 28 Годишната акциона конституенца се оджува еднаш годишно. Ја свикува Президентурата, а со неа раководи Медијаторот. Таа се одржува во рамките на континуираната промотивна и тековна активност на ГП. Главна обврска е следење и оценка на реализацијата на на годишна програма врз основа на краткорочни програмски проекти поднесени од формалните и неформалните (надоврешните) членови на Партијата по претходна стручна оценка односно експертиза , како и нивното организационо и материјално - фоинансиско обезбедување. На Годишната конситуенца се поставуваат и донесуваат и други партиски документи како дел од конкретните заложби и активности во наредниот едногодишен период. Член 29 Президентура е извршно - политички орган на Партиската матица (Партиската централа) на ГП. Ја сочинуваат: Презенсот, Медијаторот, Генералниот модератор и тројца членови на Генративусот (Секретаријатот). Седниците на Президентурата ги свикува и со нив раководи Презенсот на ГП, а истите се свикуваат по потреба. Член 30 Президентурата работи и своите одлуки ги донесува јавно, што значи дека на седниците може да присуствуваат и членови на ГП кои не се членови на органите и телата, а според можностите и условите. Одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови од присутните членови, а за нив се информираат сите членови на ГП (со доставување на Записник). Член 31 Президентурата ги има следниве права, должности и одговорности:
Член 32 Форум на валоризери (експерти) се одржува на секои 3 месеци и расправа за одделно прашање или повеќе прашања од една облест односно проблематика која е дел од Програм ските з аложби - Стратегија и тактика на ГП. Станува збор за јавни форуми (или конференции) на кои учествуваат формални и неформални членови односно надворешни (домашни и странски) валоризери - експерти. Член 33 Медијаторот е политичко - извршен орган кој го избира Конституенцата со тајно гласање, а неговиот мандат трае 5 години и не е ограничен. Кандидат за Медијатор можат да предложат најмалку 10% од вкупниот број на членови на Конституенцата. За Медијатор е избран кандидат кој добил мнозинство на гласови од присутните. Ако во првиот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство на гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а е избран оној што добил гласови од повеќе од половината присутни. При евентуален неизбор и при повторното гласање се повторува целата изборна постапка. Медијаторот е истовремено и раководител - координатор на Конституенцата и Президентурата. Член 34 Медијаторот:
Член 35 Функцијата на медијаторот на ГП престанува:
Предлог за разрешување може да поднесе во писмена форма и орган - тело на ГП и мнозинство од членството на Конститут енцата (според истиот принцип - начин на негов избор). Член 36 Генералниот модератор на ГП го избира и разрешува Президентурата со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови, а на предлог на Медијаторот на ГП. Генералниот модератор по функција е член на Генеративусот. Неговиот мандат трае 5 години. Генералниот модератор го организира партискиот живот односно ги организира, управува - регулира и координира активностите на ГП, се грижи за следење и извршување на одлуките и други акти на Президентурата и Генеративусот, ги подготвува седниците на органите на Партијата, се грижи за кадровските прашања, за финансиското работење. Член 37 Функцијата на Генералниот модератор на ГП престанува:
Предлог за разрешување може да поднесе во писмена форма и орган - тело на ГП и мнозинство од членството на Президентурата (според истиот принцип - начин на негов избор). Член 38 Генеративусот е политичко - извршен орган на Президентурата чиј број се утврдува со одлука за негов избор. Тој дејствува врз основа на политичките насоки, заклу ч оци и задачи на Медијаторот и на Президентурата . Неговата работа ја координира Медијаторот. Член 39 Генеративусот ги има следниве обврски: донесува Деловник за работа на Генеративусот; донесува одлука за формирање на партиски ќелии ; го следи финансиското работење на Партијата и донесува финансиски план и годишна сметка; именува и разрешува модератори на регионалните и партиските ќелии во рамките на единиците на локалнат а самоуправа односно изборните единици; донесува одлуки за бројот на регионите; донесува одлуки, заклучоци и други акти; а на предлог на Медијаторот донесува одлука за ангажирање на надворешни соработници - советници на Генеративусот. Член 40 Контролот е тело на ГП кое го избира Конституенцата (Конресот), а од својот состав кој брои 3 членови избира Главен контролор. Неговиот мандат е 5 години со право на повторен избор. Неговата главна задача е контрола на финансиско - материјалното работење на Партијата, а ја оценува и статутарноста на актите и одлуките, дава толкување на Статутот, поднесува извештај и донесува Деловник за работа. Исто така Контролот одлучува по жалби на одлуки на органите и телата на ГП. Член 41 Конститутот (Совет на ГП) го избира Президентурата на Партијата со мнозинство на гласови од присутните членови на седницата. Президентурата го утврдува неговиот број и состав. Конститутот е советодавно тело на ГП, составено од членови на Партијата и истакнати јавни личнсти кои не се членови на ГП. Член 42 Основна улога - задача на Конститутот е да дава мислења, ставови и предлози за прашања од стратешко значење за развојот на ГП, на општеството и државата. Конститутот има своја Програма и Деловник за работа. Член 43 Мандатот на член на Конститутот може да престане по барање на членот, со разрешување од страна на Президентурата пред истекувањето на мандатот. Предлогот го поднесува орган на Партијата или најмалку 1/3 од вкупниот број на Президентурата. Член 44 Конзисторот (Главен советник - замена за Претседател на Советот на ГП) го избира Конститутот со мнозинство на гласови од присутните членови на седницата. Член 45 Конзисторот ги има следниве права, должности и одговорности:
Член 46 Функцијата на Конзисторот може да му престане по негово барање или доколку Президентурата го разреши пред истекот на мандатот. Предлог за тоа може да поднесе орган на Партијата или најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на Президентурата. Член 47 Статутарната комисија го избира Конституенцата, а на предлог на Медијаторот на Партијата. Брои 5 членови од кои се избира Главен статутар. Нејзиниот мандат трае 5 години. Таа го изработува Статутот и врши толкување на истиот. Статутарната комисија донесува Деловник за работа. VI. ОДЛУЧУВАЊЕЧлен 48 Органите на ГП полноважно одлучуваат ако на состаноците се присутни повеќе од половината од членовите кои ги сочинуваат и одлуките ги донесуваат со мнозинство на гласови од присутните. Со Деловникот за работа или со посебна одлука може да се предвиди и посебна постапка за усвојување на одлуките. VII. ИЗБОРИЧлен 49 Постапката и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции се утврдуваат со одлука на Президентурата на ГП. Постапката и критериумите за утврдување на кандидат за претставници во собранијата се утврдуваат со правилник што го донесува Президентурата на ГП. VIII. ПРАТЕНИЦИ И СОВЕТНИЦИ НА ГПЧлен 50 Пратениците на ГП во Собранието на Република Македонија претставуваат пратеничка група. Таа е должна своето дејствување и настапите во Собранието да ги врши во согласност со Статутот и Програмските заложби - Стратегија и тактика на Партијата, а за таа цел е должна да врши консултации со нејзините органи и телата. Работата на пратеничката група и изборот на координатор и негов заменик се регулира со Деловник за работа. Член 51 Советниците на ГП во Советите на општините и на Град Скопје претставуваат советнички групи. Тие се должни своето дејствување во Советите да го вршат во согласност со Програмските заложби - Стратегија и тактика, како и Статутот на Партијата, и за таа цел да вршат консултации со органите на Партијата. IX. ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИЈАТАЧлен 52 Во согласност со Законот за финансирање на политичките партии, ГП и неговите организациони облици стекнуваат финансиски средства и друг имот од:
Член 53 Членарината како главен извор на финансирање, во согласност со Законот за финансирање на политичките партии, претставува редовен износ на средства кој секој член на Партијата го плаќа годишно (со можност за месечно плаќање во еднакви износи), при што тој за период од една година не смее да биде повисок од просечно исплатена та плата во Републиката во претходната година што ја објавува Државниот завод за статистика, а се утврдува на следниов начин:
Бројот на членството се утврдува и објавува на Годишната акциона конституенца. Дел од финансиските средства стекнати од членарината и од други извори предвидени со Закон, во износ од најмалку 10% од вкупната сума на годишно ниво, се депонира како депозит во банка со цел обезбедување на средства од камата. Одлкуката за висината за ова издвојување ја донесува Генеративусот. Член 54 За секоја донација ГП, во рамките на свечениот дел од Годишната акциона конститунца, на донаторите им доделува jавна благодарница (во која, меѓу другото, е запишан и износот - вредноста на донацијата; ако се повеќе во текот на годината - кумулативно), која се нарекува „Јавен донат", а за најголемите донатори (со најголеми вредности односно износи на донации) се доделуваат Златна, Сребрена и Бронзена почест на ГП (во вид на плакета со знакот, логото и знамето на ГП). X. СТРУЧНА СЛУЖБА НА ПАРТИЈАТАЧлен 55 Поради извршување на стручни, административни и други работи, Партијата основа стручна служба. Президентурата на ГП ги донесува општите акти со кои се уредува организацијата и работата на Службата, како и одлуките поврзани со правата и обврските од работниот однос, доколку со овој Статут или со друг општ акт не е поинаку определено. XI. ПРЕСТАНОК НА ПАРТИЈАТАЧлен 56 Партијата престанува со работа кога бројот на членовите ќе се намали под законски определениот број за нејзино основање, со одлука на Конституенцата (Конгресот), за која е потребно 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови на Конституенцата, а по претходна расправа во Партијата, и кога ќе настапи законски основ за престанок утврден од надлежен суд, односно од Уставниот суд на Република Македонија. Член 57 Во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственот на Македонската православна црква. XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИЧлен 58 Прашањата кои не се уредени со овој Статут Президентурата ќе ги регулира со посебни акти и одлуки, во согласност со Уставот, законите и овој Статут. Член 59 Органите на партијата ќе ги донесат актите утврдени со овој Статут во рок од 3 месеци од денот на неговото стапување на сила. Член 60 Предлог за изменување и дополнување на Статутот на ГП можат да поднесат: Медијаторот , Президентурата, Генеративусот и Статутарната комисија.
03.03.2006, Скопје
Медијатор на ГП, Љупчо Димитровски
Мислења, ставови, коментари... интерес на нашата e-mail адреса: ljupco@dimitrovski.net
|
||||