Baltok Web Design Studio
    · На почеток · Организација и дејствување · Пристапница · Статут · Програма ·

П Р О Г Р А М С К И    З А Л О Ж Б И

Содржина:

СТРАТЕГИЈА И ТАКТИКА

ДОЛГОРОЧНИ-ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ НА ГП

КРАТКОРОЧНИ ПРОЕКТИ НА ГП


СТРАТЕГИЈА И ТАКТИКА


Граѓанската партија не е партија која во своето дејствување акцентот го става на една „главна“ област од која „зависат” другите (на пример, економска обнова затоа што „се зависи од економијата“ или партија со „неколку приоритети”), туку е партија која, без оглед на позицијата, работи и ќе работи на севкупен развој на Република Македонија.

Имајќи ги предвид основните цели и задачи дефинирани во Статутот на ГП (развој на Република Македонија како правна и социјална држава и како граѓанско општество, одбрана на нејзиниот суверенитет и интегритет, развој на демократските процеси, севкупен општествено - економски развој, постојана заштита и унапредување на индивидуалните слободи и права на граѓанинот, Република Македонија како членка на Европската унија и НАТО), а особено со наш политички дискурс набележаните принципи на дејствување и однос спрема минатото и сегашнината - можната реалност (со почит кон вчера, во одбрана на нашето денес, со сигурен и цврст чекор кон утре, со јасна визија и цел - перспектива: ние во идното време, тоа за нас - овде и сега, животот е политика а не политиката живот - деполитизација, дефиниран и постојано надградуван систем на вредности, почит – признание - поттик на делото - творештвото, светски стандарди на култура на живеењето) ГП ги дефинира следниве програмски заложби:


ДОЛГОРОЧНИ - ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ


Функционална правна држава

  • Република Македонија е правна држава (во спротивно не би била - постои ли „неправна“ ?), но проблемот е во тоа дали и колку функционира како таква. Притоа, „еднаквоста на граѓаните пред законот“ не се постигнува со нивната примена (ефикасноста на независното судство воопшто не се поставува како „нечија“ програмска заложба или задача на власта, таа се подразбира - е или треба да биде conditio sine qua non) односно санкционирање, туку во афирмирање на светските стандарди на цивилизациско однесување и дејствување како дел од заедница во рамките на државата;
  • ГП се залага за сеопфатно и темелно преиспитување и измени на легислативата со брзо завршување - заокружување на реформата на судството. Преиспитувањето и измените би се извршиле во правец на примена (адаптација) на законската регулатива на светските норми и стандарди, како и нивна надградба (твореч к и пристап);
  • Реформата на судството односно на судската власт ќе биде завршена во најбрз можен рок, и тоа не само во однос на неговата независност односно максимален професионализам (што е негов синоним), туку и во рамките на остварувањето на основната улога - функција на државата: таа да биде сервис на граѓаните, а не од нив да прави „едни слуги, други цареви“ , да се „оттуѓува“ од нив, да биде над нив, па со тоа да предизвика „подземни сили“ кои ќе работат на нејзиното „одумирање“ ;
  • Рационализација на извршната власт и јавната администрација која ќе се наметне сама по себе со професионализацијата на сите нивоа. Во овој контекст ќе биде нужно истата да се изврши и со воведување на мрежно компјутерско поврзување на сите нивоа, на пример не само воведување на е-Влада, туку и на е-Собрание (меѓу другото, намалува ње и на бројот на пратеници), е-министерства (деполизитација и укинување на многу од нив: на пример, Министерството за народна одбрана по целосната професионализација на одбраната, Министерството за внатрешни работи, за здравство, правда, труд и социјална политика, економија, финансии, земјоделие).

Напоредно со сеопфатната и комплексна реформа на законската легислатива и судската власт , ва најкус можен рок (не подолг од 1 година) ќе се постави - дефинира систем на вредности во сите сфери на животот. Притоа имајќи ги предвид потврдените и афирмирани вредности на сите заедници во Република Македонија, но и светските критериуми, а особено строгото разграничување помеѓу комерцијалното и некомерцијалното производство и творештво. Станува збор за проект од прв о степена важност за изградбата на граѓанско општество во кој мора да се вклучи сиот творечки и интелектуален потенцијал.

на почеток >>

 

Активен граѓанин и одговорен даночен обврзник

На една современа - модерна држава и е потребен активен, а не пасивен граѓанин, и тоа без оглед на неговата работоспособност (стручност - квалификуваност, физички или интелектуален капацитет - ограниченост (на пример, инвалидност), возраст или посебност - лица со посебни потреби). Република Македонија како социјална држава (меѓу другото, и така дефинирана во Уставот) не значи само држава која води соодветна „трудова и социјална“ политика односно (не) грижа, туку својата сушност таа треба да ја остварува во создавање на можности и услови за активно, ангажирано, творечко докажување - афирмирање на секој нејзин граѓанин, но и со сеопфатна и конзистентна демографска политика да обезбедува растеж и развој на сите етнички заедници. Станува збор за еден долгорочен проект кој претпоставува измени - реформи во работната „сфера“, како на пример: намалување на работното време, намалување на пензискиот стаж, воведување на нови професии во работната - професионалната „ номенклатура “ - на пример „Домаќин - Домаќинка“ , „Семеен социјално - здравствен работник - Негувач - Негувателка“ , „Домар“ и др., во уметничката сфера „Пејач“ , „Шоумен“ , „Самостоен - слободен уметник“ , „Самостоен - слободен новинар“ - наместо навредливото „Трговец-поединец“ (и за уметник; сите тие и други како личен - индивидуален признат професионален ангажман; измени - реформи во социјалната грижа, афирмација на човечноста - хуманоста, етичноста како лични - граѓански доблести. Проектот предвидува и радикални измени - реформи во даночната политика и поинаков (достоинствен, почитувачки, културен) третман на граѓанинот како даночен обврзник: од драстично намалување на сите видови на даноци и придонеси до целосна, детална транспарентност на трошењето на овие средства. (Тие да бидат пред се стимулативни за никој да не ги одбегнува, за секого да не бидат оптоварување односно „казна“, туку дефинирани како „личен-индивидуален придонес за развој на заедништвото-соживотот“ - значи „бришење“ на даночната евазија. )

на почеток >>

 

Модерно и целисходно образование

Нашето образование е постојано во процес на „реформирање“ , а никако тој процес да се заврши. Благодарение на таквиот пред се неодговорен однос на сите досегашни влади спрема една сфера од круцијално, првостепено значење за иднината на секоја заедница, генерации и генерации се „произведени“ во технолошки вишоци (во буквална смисла), во „кочничари на развојот“ , во „непотребни учени“ и „недоучени“ , во „учени со хендикеп“.

Со цел ваквите „реформи“ конечно да „завршат“, поточно да се запрат, ГП во своите програмски заложби го има како долгорочен приоритетен проект „Современо - модерно образование“, чија реализација ќе биде со „забрзана“ динамика; почнувајќи од просторните и техничко - технолошки услови за учење и работа (комплетно реновирање - не санација („крпење“) на објектите - училишта, сали, лаборатории, едновремено и изградба на нови - нивно опремување со најсовремени едукативни средства и помагала), потоа „средување“ и модернизација на учебникарството (на пример, бесплатно образование преку сосема нова поставеност и развој на училишните и факултетските односно универзитетските библиотеки, „електронски учебници“ , „електронска лектира” итн.), па се до услови за “физичка активност -рекреација и спорт”, културно - уметнички аматеризам, креативна - иновативна дејност идр.

Целисходноста на образование то ќе се дефинира како функционална - применета, општествено (не само работно) корисна, но и како подготовка за лична - индивидуална делотворна - креативна творечка афирмација.

на почеток >>

 

Информатичко општество

Недозволиво, срамно за сите досегашни власти е што Република Македонија и натаму е „на опашката“ односно надвор од информатичкиот свет. ГП овој „статус“ ќе го промени буквално „преку ноќ“ : со комплетна компјутеризација на сите образовно - едукативни организации и институции, нивно мрежно поврзување, бесплатен Интернет и стимулирање на развојот на е-бизнисот. Од овој долгорочен - приоритетен проект го издвојуваме и развојот на домашниот - куќниот е-бизнис, особено во услужната сфера.

на почеток >>

 

Економски развој

Процесот на транзицијата, поточно на приватизацијата („капитализацијата“) во Република Македонија е извршен на криминален - коруптивен начин , за што одговорност имаат сите досегашни владејачки „структури“.

Доколку ја освои власта, ГП нема да го враќа и преиспитува тој „процес“ , а сторениот криминал ќе им го „препушти“ на гонење и казнување на соодветните „законодавно – извршни“ органи (судството, полицијата). Меѓутоа, ГП веднаш ќе воведе вистинска конкурентност на пазарот, целосна и сеопфатна демонополизација, ќе создаде бизнис амбиент (не само декларативно како досегашните власти) во кои сите економски - стопански субјекти ќе бидат еднакви и ќе се натпреваруваат рамноправно според утврдени еснафски „правила на игра“. „Јавната сфера“ (јавните претпријатија - јавните сервиси) нема да ги приватизира „по секоја цена“ , туку ќе ги направи ефикасни и во функција на сите граѓани односно во афирмација на државата на меѓународен план. За таа цел веднаш ќе биде извршена смена на „политичките - партиските раководства“ и на нивно место ќе ангажира способни, докажани домашни или стра н ски менаџери односно ќе воведе современ - модерен менаџмент. (За споредба, како што и кај нас и во светот во спортот, на пример во фудбалот, во културата, во светот на шоу бизнисот, се ангажираат способни - афирмирани менаџери, селектори, тренери итн.)

Посебно внимание во овој долгорочен проект ќе му се посвети на урбанизацијата (ревитализацијата) на селото. Со одделни краткорочни (авторизирани) проекти ќе се пристапи кон развој - докомплетирање на инфраструктурата (патишта, водовод и канализација во секое и најмало село, целосна електрификација, концесионерско користење на земјиште, шуми, води - акумулации - мали селски хидроцентрали - преку јавни приватни претпријатија), развој на модерно земјоделство - аграр, занаетчиство, селски туризам, култура на живеење.

За и на Република Македонија да не и се случи она што им се случува на земјите - членки и на кандидатки-масовно купување на земјиште од „Европјаните“, ГП веднаш ќе оебзбеди максимални услови (евтина-дури симболична цена, поволни кредити со долгорочна исплата и минимални камати и друго) за купување на селски имот-куќи, земјиште итн. од страна на „домашни“ купувачи.

Овој пороект претставува еден вид “Њу дил” за македонското село.

 

на почеток >>

Култура и уметничко творерштво

Постојано - континуирано поттикнување и стимулирање на индивидуалниот креативен - творечки капацитет и негова афирмација особено на меѓународен план. Културно - уметнички вредности достапни за сите, а жестока битка против вулгаризација („пиратизација“ и „кич-митологизација“) на тн. „културен пазар“.

на почеток >>

 

Спорт

Стимулирање (финансирање - развој) на професионализмот во приоритетни спортови (определени и дефинирани во долгорочен проект), комплетна приватизација ( стимулирање на тн. спортски бизнис) на „маргинални“ и „мали“ .

на почеток >>

 

Здружување-заедништво

ГП ќе овозможи слободно граѓанско, политичко и секакво друго непрофитно здружување со еден единствен Закон за непрофитно здружување - заедништво, во кој прецизно ќе бидат утврдени општите одредби, начинот на нивно основање и регистрација, како и обврските - одговорностите.

Услов за регистрација на кое било (од кој било вид) здружување, логично, е да има најмалку двајца „здружувачи“ (а не, на пример, 500 „основачи“ на политичка партија што претставува нонсенс - кој ли „успеал“ да процени дека се токму толку „неопходни“ ?; зошто и кому би пречела партија од двајца (не еден) основачи и „армија“ на неформални членови односно симпатизери кои во неа би волонтирале односно за која би гласале на избори?).

на почеток >>


КРАТКОРОЧНИ ПРОЕКТИ НА ГП


ГП за сите граѓани на Република Македонија (не само за своето членство) ќе биде „отворена партија“ за секој авторизиран проект „од идеја до реализација“, како дел од сопствените Програмски заложби - Стратегија и тактика. Во првиот среднорочен период поддршката и реализацијата ќе бидат фокусирани на краткорочни проекти (реализација во една или две години) особено во следниве области:

  • економија,
  • енергетика,
  • аграр,
  • водни ресурси,
  • шумарство,
  • екологија,
  • образование и наука,
  • туризам,
  • култура,
  • труд и социјална политика,
  • здравство,
  • спорт,
  • интернет комуникации.

Мислења, ставови, коментари... интерес на нашата e-mail адреса: ljupco@dimitrovski.net